Запеа со ќерката Софија и дувна свеќички во фустан со деколте: Елена Велевска го прослави 46-тиот роденден во Охрид
Елена Велевска го одбележа својот 46-ти роденден во Охрид.
Македонската фолк-пејачка сподели дел од атмосферата со одлично расположение и весела музика.
За својот посебен ден, Елена избра впечатлива креација со отворено деколте. Таа со насмевка ги дочека гостите и ги дувна свеќичките на роденденската торта со клавирски дирки.
Роденденската декорација беше во зелено-златни тонови, со балони кои одлично се вклопија во просторот.
Секако, прославата не можеше да помине без песна. На дел од видеата, Елена со микрофон во рака и ги забавува гостите, а во еден момент запеа и со ќерката Софија.