Јована Трајковска стана мајка.
Македонската блогерка се породи денес и на Instagram ја сподели убавата вест за доаѓањето на свет на нејзиното синче.
Бебенцето се роди тешко 2920 грама, а го доби името Матиас.
„Нашиот најголем благослов. Нашиот мал Матиас.🤍🩵
28.10.2026 🧸🦋🦒“ - напиша таа.
Јована сподели фотографија на која со сопругот Петар се држат за раце и напиша:
„Заедно ја дочекавме нашата најголема љубов.
Мојот партнер во сè. 🤍“
Јована и Петар стапија во брак во септември минатата година.
Полот на бебенцето тие го открија на сладок начин.