Запеа на италијански јазик: Џенифер Лопез со спектакуларен настап ја затвори ревијата на Долче и Габана во Италија
Џенифер Лопез е незапирлива. Пред да го прослави својот 57-ми роденден, таа е буквално насекаде.
Откако беше во Париз и Лондон, славната пејачка слета во Италија каде настапи на најновата ревија на Долче и Габана на малиот остров Изола Бела.
Џеј Ло изгледаше спектакуларно во атрактивни костими изведувајќи свои хитови, а запеа и на италијански јазик. Со нејзината изведба беше означен крајот на модното шоу на нејзините соработници Доменико Долче и Стефано Габана.
„Ноќ која никогаш нема да ја заборавам“ – напиша Лопез во описот на албумот со фотографии.
Лопез ја изведе италијанската песна „Il cielo in una stanza“.