Синџирот хотели „Конрад“ на Малдивите нуди неверојатен подводен апартман за романтичен престој на љубителите на океанот. Стаклениот апартман, кој е сместен на дното на Индискиот океан, е уникатна можност да лежите в кревет и да му се воодушевувате на подводниот растителен и животински свет.
Дваесет и петгодишната Ники Ли гордо признала дека во текот на 9 години спиела со 5000 мажи, дека рекордот ѝ е 4 мажи во една вечер, дека за секој маж чува забелешки во тетратка и дека никогаш не спиела со еден ист маж двапати. Прочитајте повеќе.
Денес на вечерното небо ќе можете да го видите најубавиот природен огномет оваа година – метеорскиот дожд Персеиди. Ако немате други планови, одете на некое повисоко место надвор од градот, подалеку од градските светла и уживајте во несекојдневниот дожд.
Инспириран од убавината на дивиот свет, Канаѓанецот Скот Линстед вложил многу време и трпение за да улови со својот објектив некои од најинтересните животни во неповторливи ситуации. Погледнете ги одличните фотографии.
Вчера Facebook објави дека 500-милионитиот член се регистрирал на социјалната мрежа. Пред две години, Facebook имаше 100 милиони корисници, а денес – само бројот на дневно склучени пријателства изнесува 115 милиони! Прочитајте неколку интересни факти и статистики за корисниците на најголемата социјална мрежа.
Во трговски центар во Кина е отворена специјална продавница каде што жените можат да го истурат својот бес врз домаќински апарати со помош на бејзбол палки.
Британците Бен и Ангела останале вчудоневидени кога се родило нивното трето дете, затоа што иако и двајцата се припадници на црната раса, нивната мала ќеркичка се родила со светла кожа, сини очи и руса виткана коса.
Фотографијата „Насмевнато сонце“ е хит на интернет. На неа се прикажани облаци кои поминуваат преку сонцето, давајќи му форма на насмеано лице. Кога сонцето може да се смее, можете и вие.