• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Дигитален апарат брише брчки, става шминка и избелува заби

21 март 2011, 15:04
  • cподели

Дигиталната обработка на фотографиите денес не се користи само од славните личности. Многумина сами ги ретушираат своите фотографии или имаат пријател кој го прави тоа за нив пред да ги постават на некоја друштвена мрежа.

Сега постои дигитален фотоапарат којшто автоматски ги коригира веќе направените фотографии. Заборавивте да си ставите пудра? Изгледате бледо? Сакате побели заби? Нов фотоапарат од Panasonic помага да се разубавите и нашминкате со едноставно притискање на копче.

Ефектот на ретуширање

Преку вграден софтвер за ретуширање имате можност да си ги избелите забите и да ги отстраните недостатоците по кожата на лицето, а можете дури и да добиете потемен тен. Но, исто така, фотоапаратот содржи и опции за шминкање. Можете да си изберете различна пудра, сенка за очи, кармин или руменило и моментално да го промените вашиот изглед.

Ефектот на ретуширање Ефектот на ретуширање

Според сајтот Stylelist којшто го тестираше новиот апарат, резултатите се многу добри, особено по користењето на опциите за шминкање со кармин и руменило.

Tags
фотоапарат

Најнови

  • Филип Кузмановски го доби второто дете со сопругата Моника и ја сподели првата фотографија од бебенцето

    Thu, 08/27/2026 - 14:14
  • Сандра Булок во креација со леопардски принт откако се отвори за смртта на партнерот кој почина на 57 години од АЛС

    Thu, 08/27/2026 - 14:09
  • Најмалку 270 мртви, над 1.500 исчезнати: Страшни сцени по катастрофалната поплава во Непал која звучела како експлозија

    Thu, 08/27/2026 - 12:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.