Министерот за здравство Венко Филипче на закажаната прес-конференција во 21 часот ќе ја информира македонската јавност за најновите информации со коронавирусот во нашата држава.
„Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека од утре го ставаат на располагање на Министерството за здравство целосниот капацитет на Хотелот Ibis Styles.
А1 Македонија им овозможува на корисниците дополнителни 10GB интернет на сите мобилни корисници и 7 филмски и детски ТВ канали, достапни бесплатно за сите корисници на телевизиските услуги.
Венко Филипче сподели дел од креативните постери кои беа изработени за да се поттикне јавноста да ги почитува мерките за превенција од ширење на коронавирусот.