• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Жан Митрев Клиника со признание за медицински туризам на Меѓународниот саем во Нови Сад

3 декември 2025, 11:24
  • cподели

Клиничката болница Жан Митрев е добитник на признанието за „придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“ на годинешниот 56 -ти Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, што се одржа од 27 до 29 ноември.

Ова признание претставува силна потврда дека Жан Митрев Клиника се позиционира и е препознаена како реномирана дестинација за медицински туризам, со високи стандарди и иновативен пристап во државата, регионот, но и во светот.

Клиника Жан Митрев со ново признание

Во последниве 25 години, во Клиниката Жан Митрев остварени се 1,1 милиони посети од повеќе од 400 000 пациенти од Македонија, Косово, Албанија, Хрватска, Швајцарија, Англија, Либија и многу други држави, а извршени се повеќе од 45 000 оперативни зафати. Ова е доволен показател за највисоките стандарди што ги применува Жан Митрев Клиника од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите, за што впрочем говори и последното признание за медицински туризам на саемот за туризам во Нови Сад.

Клиника Жан Митрев со ново признание

На меѓународниот настан учествуваа околу 250 изложувачи од 10 држави, а Македонија беше држава партнер. Македонското Министерство за култура и туризам предводено од министерот Зоран Љутков достојно ја претстави нашата земја како привлечна туристичка дестинација пред бројните посетители.

Учеството на Саемот претставува значајна можност за меѓусекторско поврзување на приватниот и јавниот сектор, преку граѓански организации кои придонесуваат за развој, како и туристички агенции, угостители и хотелиери.

Клиника Жан Митрев на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

Жан Митрев Клиника изразува благодарност за признанието, кое претставува потврда дека континуираната посветеност, врвната експертиза и довербата што ја ужива меѓу пациентите од Балканот и пошироко, ја прават вистински амбасадор на македонското здравство на меѓународната сцена.

Tags
Жан Митрев
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Клиника Жан Митрев со ново признание

    Жан Митрев Клиника со признание за медицински туризам на Меѓународниот саем во Нови Сад

    Wed, 12/03/2025 - 11:24
  • „Доаѓа големата магија“: Сара Мејс и The Girlzz ја будат празничната магија со „Нека трепка“

    Wed, 12/03/2025 - 11:16
  • „Фала ти Господе и женче мое најубо“: Виктор Апостоловски стана татко, бебенцето доби библиско име

    Wed, 12/03/2025 - 10:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.