Џејсон Стејтам моментално го промовира својот најнов филмски проект „The Beekeeper“.
На премиерата во Лондон, 56-годишниот актер ја имаше поддршката од својата сакана Роузи Хантингтон-Вајтли.
Славната двојка зачекори на жолтиот тепих во црни модни комбинации и изгледаше среќно и заљубено. Ѕвездата од филмската франшиза „Fast and Furious“ ја прегрнуваше околу половината 36-годишната манекенка, додека си разменуваа љубовни погледи.
Креацијата која Роузи ја избра за настанот доаѓа од брендот Alaïa.
Џејсон и Роузи се заедно од 2010 година, а се верија во 2016 година. Тие имаа две деца.
