Заљубен пар: Џенифер Лопез блика од среќа покрај Бен Афлек на премиерата на „The Last Duel“
Џенифер Лопез ги размрда прстите на фоторепортерите на премиерата на новиот филм на Бен Афлек, „The Last Duel“, во Њујорк.
За настанот на кој го придружуваше Бен, 52-годишната пејачка ја истакна својата фит фигура во дводелна креација од Hervé Léger. Парот изгледаше заљубено и среќно додека позираше на црвениот тепих.
Во историската драма „The Last Duel“, Бен има важна споредна улога, додека главната улога му припаѓа на неговиот пријател и долгогодишен соработник Мет Дејмон.