• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Закрепнуваме“: Џастин Балдони со сопругата за првпат се отворија за семејната болка по скандалите со Блејк Лајвли

9 јули 2026, 09:16
  • cподели

Речиси две години по почетокот на правната битка поврзана со филмот „It Ends With Us“, Џастин и Емили Балдони за првпат јавно проговорија за периодот низ кој поминало нивното семејство.

42-годишниот актер и неговата сопруга се отворија за „болката“ и „траумата“ низ коишто поминале по „неправдата“ со која се соочиле.

Во видео објавено на Instagram, тие споделија дека намерно молчеле додека траеле судските постапки, бидејќи сметале дека не е вистинскиот момент да ја кажат својата страна од приказната.

„Не зборувавме јавно речиси две години, не затоа што немавме што да кажеме, туку затоа што чувствувавме дека не е вистинското време“ – рече Џастин, додавајќи дека сакале правосудниот систем да си ја заврши работата без дополнително да придонесуваат за јавната врева.

Емили истакна дека и покрај чувството на благодарност што го носат, тоа не ја поништува болката низ која поминале.

„Благодарноста не ги брише неправдата и болката кои ги почувствувавме во изминатите години. Моравме да се соочиме со многу работи и да се обидеме да разбереме многу нешта, како на пример – како воопшто можеше да се случи вакво нешто? А уште помалку кога сето тоа беше претставено како борба за жените. Има многу работи кои треба да се расчистат. Реалноста е дека имаше многу траума низ која моравме да поминеме како семејство“ – изјави таа.

Џастин призна дека закрепнувањето не е едноставен процес.

„Закрепнуваме. Ако некогаш сте поминале низ нешто трауматично, знаете дека лекувањето не оди по права линија. Секој ден изгледа различно. Денес најважни ни се семејството, пријателите, заедницата и нашата вера“ – рече актерот.

Тој им се заблагодари и на сите кои им дале поддршка во периодот кога тие одлучиле да молчат.

„Кога ние немавме глас, многумина од вас беа нашиот глас. Чувствувам дека да се каже благодарам не е доволно“ – додаде Балдони.

Емили додаде дека имаат уште многу работи што би сакале да ги споделат, но засега нивниот фокус останува на закрепнувањето и времето поминато со нивните две деца.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Justin Baldoni (@justinbaldoni)

Правниот спор меѓу Џастин и Блејк започна кон крајот на 2024 година, кога актерката поднесе тужба во која го обвини за сексуално вознемирување и одмазда. Балдони ги негираше обвинувањата и возврати со контратужба за клевета, која подоцна беше отфрлена.

Во мај годинава двете страни постигнаа спогодба, со што беше ставен крај на најголемиот дел од спорот, иако останаа нерешени прашања околу адвокатските трошоци.

Tags
Џастин Балдони

Најнови

  • Летни цветни фустани и семејна идила: Јелена Ѓоковиќ сподели приватни моменти за време на Вимблдон

    Thu, 07/09/2026 - 10:22
  • U2 Street of Dreams

    U2 се враќаат со новата песна „Street of Dreams“ со која беше снимен инспиративен филм со Дејвид Бекам

    Thu, 07/09/2026 - 09:45
  • „Закрепнуваме“: Џастин Балдони со сопругата за првпат се отворија за семејната болка по скандалите со Блејк Лајвли

    Thu, 07/09/2026 - 09:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.