• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

За восхит: 6-годишно девојче се грижи за парализираниот татко откако мајката ги напушти

3 октомври 2018, 11:55
  • cподели

Деновиве светот го одушеви вест за 6-годишно девојче кое само се грижи за парализираниот татко откако мајката ги остави. Посветеноста и љубовта на малата Ѓа Ѓа од Кина допре до милиони срца.

Имено, Ѓа Ѓа и татко ѝ Тјен биле напуштени од нејзината мајка во 2016 година, по страшната сообраќајна несреќа во која тој едвај преживеал. Мајката со себе го одвела и постариот брат на Ѓа Ѓа.

Веќе две години, инспиративното девојче прави сè што е потребно за да му го олесни животот на татко си и се грижи за семејниот дом.

ВИДЕО

Ѓа Ѓа станувала во 6 часот наутро и започнувала да му ги масира мускулите на татко си. Потоа му помагала да јаде, да се измие заби и лице, а дури потоа одела на училиште. Додека е во школо, за Тјен се грижеле неговите родители.

„На почетокот не знаев како да му ја бричам брадата и му го сечев лицето и крвавеше. Но, татко ми велеше дека не го боли. Сега, многу сум добра во бричење на брадата“ – вели посветената ќерка.

Дедото на Ѓа Ѓа направи справа која ѝ помага да го преместува татко си од креветот во количката. Тјен вели дека најтешкото за неговата ќерка е кога треба да го пренесува низ куќата, бидејќи е многу потежок од неа. „Воопшто не се уморувам кога се грижам за татко ми“ - вели Ѓа Ѓа.

Ѓа Ѓа и Тјен Ѓа Ѓа и Тјен Ѓа Ѓа и Тјен Ѓа Ѓа и Тјен

Откако приказната за Ѓа Ѓа се распространи низ светот, таа добива само пофалби и поддршка од илјадници лица и многумина ја нарекуваат „малиот ангел“.

„Тоа е ќерка која го сака својот татко. Бог да ја благослови.“

„Ми го крши срцето тоа што го гледам ова кутро дете, бидејќи тоа треба да игра и да ужива со своите мали пријателчиња. Ова е една прекрасна ќерка. Начинот на кој го покрива татко си со ќебе за да спие и потоа го бакнува на челото ми ги расолзи очите. Се надевам и се молам дека некој ќе започне да му помага на ова мало девојче, за тоа да може да има подобар живот како дете. Едно нешто е сигурно, таа ќе се справи многу добро во животот и се надевам и се молам дека нејзиниот татко ќе живее долг живот и тие ќе бидат засекогаш среќни заедно.“

„Тој е благословен што има толку прекрасна ќерка која го сака татко си толку многу. Одлична врска и дете кое беше принудено да порасне преку ноќ “ – се дел од коментарите онлајн.

Ѓа Ѓа и Тјен Ѓа Ѓа и Тјен Ѓа Ѓа и Тјен Ѓа Ѓа и Тјен Ѓа Ѓа и Тјен

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.