За својот роденден Џон Леџенд сподели фотографии со ќеркичката Луна и сопругата Криси Тиген
Џон Леџенд пред два дена го прослави својот 38. роденден. На Instagram, популарниот пејач сподели фотографии од специјалниот ден.
На нив, талентираниот музичар позира со својата сопруга Криси Тиген и 8-месечната ќеркичка Луна. На сите фотографии Леџенд е со широка насмевка на лицето.
И Тиген објави фотографија со слатката ќерка и во описот напиша: „Среќен роденден, прекрасен тато“.
Славното семејство престојува во Мајами. Џон објави и фотографија од прекрасниот поглед. „Ви благодарам на сите за убавите желби. Ве сакам сите. Уживам во прекрасниот поглед со Криси и Лу. Се чувствувам благодарен“ - напиша тој.
Познатиот модел и музичката ѕвезда беа фотографирани кога пристигнаа на аеродромот во Мајами.
