„За сите деца во Србија среќно да играат“: Фановите на Партизан фрлија 10.000 играчки на теренот за деца од ранливи категории
Прекрасен гест им ги згреа срцата на присутните на натпреварот меѓу Партизан и Виртус Болоња во „Штарк Арената“ во Белград.
Фановите на Партизан фрлија над 10.000 играчки на теренот кои ќе бидат наменети за дечиња од социјално загрозени семејства. За секоја фрлена играчка, еден од спонзорите на клубот ќе донира по 1.000 динари за купување зимска опрема и облека за децата од ранливите категории.
„За сите деца во Србија среќно да играат! Благодариме црно-бели“ – стои во описот на видеото споделено на социјалните мрежи.
DA SE SVA DECA U SRBIJI SREĆNO IGRAJU! HVALA CRNO-BELI!#KKPartizan #EuroLeague @EuroLeague pic.twitter.com/sZ2eR6D5D6
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) December 28, 2023