• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

За пример: 84-годишен маж научи да шминка за да ја разубавува неговата сопруга која ослепува

26 октомври 2018, 08:00
  • cподели

Посветен сопруг научи да шминка откако неговата сакана започна да го губи видот и дозна дека наскоро целосно ќе ослепи.

84-годишниот Дес започна да оди на часови за шминкање за да се увери дека неговата 83-годишна сопруга Мона секогаш ќе биде дотерана и ќе се чувствува убаво. Со помош на шминкерка од нивното соседство, тој научи совршено да нанесува шминка и дури вели дека може да држи часови.

Дес и Мона Дес и Мона Дес и Мона Дес и Мона

„Видот на Мона се влошува, па таа нема да биде способна да се шминка самата во иднина, па си помислив дека колку побрзо ќе научам, толку подобро.“

„Сè започна минатиот октомври и сега сум многу вешт со шминката, дури можам да држам часови“ – рекол Дес.

Мона вели дека веќе има проблеми да ги разликува боите на сенките, но дека нејзиниот сопруг прави таа да се чувствува многу подобро.

„Тешко ми е да ги видам боите на различните сенки за очи, но благодарение на Дес сега знам дека мојата шминка секогаш ќе изгледа одлично“ – вели Мона.

Дес и Мона Дес и Мона Дес и Мона Дес и Мона

„Тие се прекрасен пар, а на Дес уште на почетокот му се допадна што може да ѝ помага на Мона. Кога започна да учи, тој немаше претстава која четка за кој дел од лицето се користи, но сега е експерт.“

„Приказната на Дес и Мона покажува дека без разлика на возраста или полот, секогаш можеш да стекнеш нови вештини“ – рекла учителката на Дес.

Двајцата старци се во брак 56 години.

Дес и Мона Дес и Мона Дес и Мона Дес и Мона

Видео

Tags
сопруг

Најнови

  • Каролина, Весна Петрушевска, Сара Мејс... Македонските славни личности со реакции по трагедијата во Тафталиџе

    Wed, 03/04/2026 - 09:32
  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.