За неа времето како да застанало: Живкица Каленикова изгледа неверојатно на 48-миот роденден
Тешко е да се поверува дека Живкица Каленикова за две години ќе зачекори во шестата деценија од животот.
Познатата водителка, која е една од најпрепознатливите ТВ лица во Македонија, го прослави својот 48-ми роденден.
На социјалните мрежи, таа сподели фотографија на која позира во атрактивен стајлинг и слободно може да се каже дека изгледа фантастично.
„Уште една година околу сонцето🎉 Ви благодарам за секоја порака , убави желби и мисли. Живи, здрави да му се радуваме на животот. 48 feels great“ – напиша таа.
Нејзиниот сопруг Зоран сподели заедничка фотографија со честитки за славеничката. „Среќен роденден на мојата прекрасна сопруга“ – напиша тој.
Живкица и Зоран заедно имаат три деца: Даријан, Марко и Ана.