• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

За мајката која бремена и боса изоди пустина: Шпанскиот фудбалер Нико Вилијамс ѝ го подари медалот на мајка си по победата на СП

20 јули 2026, 12:35
  • cподели

Светот сè уште е под импресии од синоќешното финале на Светското првенство во фудбал, во кое Шпанија со 1-0 ја совлада Аргентина и се искачи на светскиот трон. Стрелец на златниот гол во драматичните продолженија беше Феран Торес, но вистинскиот херој на нацијата, човекот кој му асистираше со глава и ја креираше оваа историја, е 24-годишниот Нико Вилијамс.

По напорниот меч и подигнувањето на пехарот, талентираниот Нико го извади својот златен медал и ѝ го подари на својата мајка. Емотивниот момент беше овековечен со видео кое буди емоции.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 433 (@433)

Приказната за семејството Вилијамс е една од најтрогателните и најиниспиративните во историјата на спортот.

Во 1993 година, неговите родители, Марија и Феликс, очајнички барајќи спас од сиромаштијата во Гана, им платиле на шверцери за да ги однесат во Европа. Но, наместо ветената подобра иднина, биле исфрлени од камион и оставени сами на себе среде Сахарската пустина.

Повеќе од 3.200 километри тие чекореле без храна и без капка вода под пеколното сонце. Таткото Феликс и ден-денес ја чувствува болката во стапалата од страшните изгореници од врелиот песок. Но, хероината во голготата е мајката Марија. Таа го изоде целиот пат во напредна бременост, носејќи го во утробата постариот брат на Нико, Ињаки. Многу од луѓето кои биле со нив не го издржале патувањето, но Марија и Феликс одбиле да се откажат. Имале сон кој бил поголем од смртта – сон за своите неродени деца.

Кога конечно стигнале до Мелиља, шпанската енклава, биле уапсени како илегални мигранти. Протерувањето назад во пеколот било прашање на денови, но судбината имала поинаков план. Еден хуман адвокат им дал совет што им го промени животот: „Кажете дека сте од Либерија, таму беснее војна, ќе ви дадат азил како бегалци“.

Така стигнале во Баскија, Шпанија, земјата која стана нивен дом. Таму, без ништо на себе, ги прифатил еден локален свештеник кој им пружил рака, покрив и надеж. Тој се викал Ињаки, а неговото име Марија и Феликс со бескрајна благодарност му го дале на своето првородено синче. Неколку години подоцна, таму се роди и Нико.

Земјата која некогаш им пружи прибежиште на преживеаните бегалци, денес му се поклонува на нивниот син како на национален херој. Нико беше европски, а сега, на само 24 години, стана и светски шампион.

Tags
Нико Вилијамс
Светско првенство во фудбал

Најнови

  • 54 години? Младоликата Северина ги покажа извајаните стомачни мускули во бикини на море

    Mon, 07/20/2026 - 22:20
  • Бијонсе, Ријана, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе... Славните личности на финалето на СП за кое картите чинеа десетици илјади долари

    Mon, 07/20/2026 - 14:10
  • БРАВО! Нела и Антонио истрчаа од Струга до Св. Наум и назад за храбриот Роман и децата со ретки болести

    Mon, 07/20/2026 - 13:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.