Кристи Бринкли изгледа неверојатно и во осмата деценија од животот.
72-годишниот супермодел повторно се врати на модната писта и мамеше воздишки на ревијата на Денис Басо, во рамките на Њујоршката модна недела.
Бринкли дефилираше во елегантна тоалета со впечатливи проѕирни ракави кои нежно се спуштаа по нејзините рамена. Струкот и горниот дел од фустанот беа украсени со бисери.
Во позадина се слушаше култниот хит „Uptown Girl“ на Били Џоел, нејзиниот поранешен сопруг и татко на нивната ќерка Алекса Реј Џоел.
Џоел ја напиша песната во 1983 година инспириран од Кристи, која подоцна се појави и како главна ѕвезда во музичкиот спот за хитот. Па така, повеќе од четири децении подоцна, песната повторно се најде во совршен момент – додека Бринкли блескаше на модната писта во Њујорк.
„Каков ден да ја завршам ревијата со прекрасната и талентирана Кристи Бринкли – оригиналната 'Uptown Girl'“ - напиша дизајнерот Басо, споделувајќи фотографија со Кристи.
Бринкли нема дефилирано на модна писта повеќе од седум години. Во 2019 година, таа беше дел од ревијата на Ели Тахари заедно со својата ќерка Сејлор.