• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Вселенски подвиг: Човекот отпатува најдалеку од Земјата кога било досега

7 април 2026, 09:02
  • cподели
Артемис II

Екипажот на „Артемис 2“ го собори рекордот за најдалечно патување од планетата Земја.

Четворицата астронаути испишаа нова страница во историјата на истражувањето на вселената, патувајќи подалеку од Земјата од кој било човек досега.

За време на нивното прелетување околу Месечината, екипажот на мисијата „Артемис 2“ го собори деценискиот рекорд поставен во ерата на Аполо. Астронаутите на НАСА, Рид Вајсман, Виктор Гловер и Кристина Кох, заедно со Џереми Хансен од Канадската вселенска агенција, летајќи во капсулата „Интегритет“, ја надминаа рекордната далечина од 400.171 километар која во април 1970 година ја постави екипажот на Аполо 13. Тие стигнаа до 406.771 км.

„Додека ја надминуваме најголемата оддалеченост на која луѓето некогаш патувале од планетата Земја, го правиме тоа оддавајќи им почит на извонредните напори и подвизи на нашите претходници во истражувањето на вселената.

Ќе го продолжиме нашето патување уште подалеку во вселената пред Мајката Земја да успее да нè повлече назад кон сè она што ни е драго, но, што е најважно, го избираме овој момент за да ја предизвикаме оваа и следната генерација да се погрижат овој рекорд да не трае долго време“ – порача тимот.

Екипажот на Артемис 2

Историскиот настан беше проследен со силни емоции и поврзаност со минатото. Имено, големиот ден за астронаутите започна со порака за будење од покојниот командант на Аполо 13, Џим Ловел, снимена само два месеци пред неговата смрт во август.

„Добредојдовте во моето старо маало. Ова е историски ден и знам колку ќе бидете зафатени, но не заборавајте да уживате во глетката“ им порача Ловел.

НАСА редовно споделува импресивни фотографии од значајната мисија.
 

Артемис II
Артемис II
Артемис II
Артемис II
Артемис II
Артемис II
Артемис II
Артемис II
Артемис II
Tags
Артемис II

Најнови

  • Јована Богданоска

    „Денот Господов“ - новата песна на Јована Богданоска

    Sun, 04/12/2026 - 18:02
  • Бојана Скендеровски со семејството

    „Велигден го славиме кај моите родители, а ручекот секогаш е со јагнешко“: Бојана Скендеровски за празниците и мајчинството

    Sun, 04/12/2026 - 07:30
  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.