„Врската ни стана токсична“: Бака Прасе раскина со девојката, ја снимаше како плаче на последното заедничко патување
Богдан Илиќ раскина со Милена Стаменковиќ осум месеци откако за првпат го покажа нејзиното лице на социјалните мрежи.
Српскиот јутјубер, познат како Бака Прасе, откри дека нивната врска завршила, а како најголема причина го наведе негативното влијание на интернетот врз Милена, кое со текот на времето се одразило и на нивниот однос.
Во видео со опис „Раскинавме“, Богдан рече:
„Милена и јас раскинавме. Најголемата причина за раскинувањето се коментарите и влијанието на интернетот врз Милена... Кога ја објавивме врската, таа не очекуваше како ќе реагира интернетот и како ќе влијаат коментарите на неа. Не беше ни свесна колку луѓето на интернет можат да бидат отровни. Тоа доведе до тоа нашата врска да стане сè потоксична и започна да влијае на нашиот однос. Поради тоа одлучив повеќе да не ја мачам ниту неа, ниту себе и одлучивме да раскинеме“.
Интересно е што по раскинувањето, двајцата отпатувале заедно во Италија, земјата каде што започнала нивната љубовна приказна.
Тој објави видео од нивното последно заедничко патување на кое Милена плаче.
„Ова патување во Италија беше за да се збогуваме, затоа што таму започна сè. Не се разделивме во лоши односи, туку како две скршени и тажни личности кои и понатаму се сакаат“ – напиша тој.
Богдан и Милена беа заедно веќе некое време пред тој да го покаже нејзиното лице на социјалните мрежи на крајот од минатата година.
