• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Вози право, вози здраво“ Vol.4

29 мај 2018, 14:42
  • cподели

Со гордост го најавуваме четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво по улиците на Скопје со која сите, како заедница, дејствуваме за подигнување на свеста за користење на алтернативни форми на транспорт.

Возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не загадува туку помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина а притоа е и многу забавно и здраво.

Затоа, подгответе си ги ролерките, стегнете ги велосипедите, качете се на тротитентите или скејтовите, а можете дури и со вашите колички со бебиња и придружете ни се накратко да го ослободиме центарот на Скопје од автомобили и да се возиме по широките улици заедно.

ВозиПравоВозиЗдраво

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства. Многу наскоро ќе го дополниме со содржни нашиот СТБ Детски Велодром и ќе се подготви терен, заедно со Град Скопје за изградба на нов урбан Велодром со повеќе предизвици и содржини.

„Вози право, вози здраво“ vol. 4 во својата пролетна шема ќе понуди многу интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк за сите гости и учесници. Ревијалната трка е предвидено да почне во 11 часот од Порта Македонија, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата пред трката на пултовите веќе од 10 часот. Во меѓувреме, бројчињата може да се подигнуваат и од i-bank store филијалата на Банката од 9–18 часот од понеделник до петок.

На ревијалната трка учество повторно може да земат сите наши сограѓани кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол и други тркала или родители со бебе количка. Линкот за регистрација е веќе во функција https://apply.stb.com.mk/vozipravovozizdravo и пријавени се над 3000 учесници што е показател дека оваа година ќе имаме рекорден број учесници.

На целта во Градски парк, ќе биде поставена бина и повеќе позиции кои на посетителите ќе им понудат бројни забавни содржини, игри, подароци, предизвици и вредна лотарија. Банката и соработниците ќе обезбедат и освежување за учесниците а секако, за сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали. Како и досега, редните броеви на учесниците ќе бидат дел од извлекувањето на вредната лотарија со: 5х Specialized Велосипеди, 5х GoPro камери, 5х FitBit алки, 5х MICRO тротинети и друга спортска опрема.

Стопанска банка АД - Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи, директно влијае врз заштитата на животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да застапува една значајна тема како што се овие алтернативи на транспорт во густо населените урбани средини кои не загадуваат а воедно и помагаат за здравиот живот на корисниците.

Во тој контекст, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за велосипеди, нашите вработените се почесто ги користат велосипедите како начин за пристигнување на работа, граѓаните на Град Скопје веќе втора година активно го користат СТБ Детскиот велодром, имаат на располагање 5 модерни станици за поправка на велосипеди и поставени се 105 паркинг позиции на локации договорени со активистите кои се борат Скопје да прерасне во велосипедски град а во подготовка се и новите активности.

Се надеваме на уште едно одлично издание на „Вози право, вози здраво“ и ја повикуваме јавноста за учество и поддршка на настанот.

Ве известуваме и дека, за максимална заштита на учесниците, согласно законските прописи о недела, на 03.06.2018 ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје.

Tags
Вози Право Вози Здраво

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.