Ивана Јанковска си издвои денови за релаксација.
Водителката на емисијата Stars TV Show уживаше во Хрватска и сподели албум со фотографии преку кои ја пренесе летната атмосфера до своите следбеници.
„Многу често чекаме посебна причина за да си дозволиме нешто убаво. Но, животот некако е баш посебен во тие мали бегства, нови места, луѓе, нови доживувања и точно е дека секое патување завршува, но точно е и дека секогаш се враќаме со нешто повеќе од тоа со коешто сме тргнале“ – напиша Јанковска.
„Прекрасно е кога е убаво“ (Lipo je kad je lipo) – дополни таа.