• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Во шок сум“: Малала Јусафзаи изрази загриженост по преземањето на Авганистан од Талибанците од кои беше застрелана

17 август 2021, 13:32
  • cподели

Откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан, многумина изразија загриженост поради случувањата таму, особено поради тешката ситуација во која се наоѓаат жените во земјата.

Нобеловката Малала Јусафзаи не остана рамнодушна на веста за победата на радикалните исламисти.

„Гледаме во целосен шок како Талибанците ја преземаат контролата врз Авганистан. Длабоко сум загрижена за жените, малцинствата и застапниците за човекови права. Глобалните, регионалните и локалните власти мораат да повикаат на итен прекин на огнот, да обезбедат итна хуманитарна помош и да ги заштитат бегалците и цивилите“ – напиша таа на Twitter.

Малала Јусафзаи

Малала по потекло е од Пакистан, а кога имала само 15 години, била застрелана во главата и вратот од Талибанците поради дневниците кои тајно ги испраќала во BBC. Малала од мали нозе се образовала и внимателно ги следела лекциите на нејзиниот татко, кој бил учител. Во нејзините дневници, младата девојка пишувала за својата земја, за различни секојдневни нешта како тоа дека омилениот розов фустан може да ја стави во опасност, бидејќи Талибанците не ги одобруваат силните бои.

Малала знаела дека нејзините дневници се опасни и се плашела дека еден ден ќе дојде некој да ја замолчи засекогаш. Но, била подготвена храбро да се исправи и да им каже дека она што се обидуваат да го направат е погрешно и дека образованието е наше основно право.

По страшниот инцидент, била формирана Фондацијата „Малала“, која е раководена од самата неа. Со средствата кои ди собира, Малала се залага да го оствари својот сон – образование за секое дете.

Малала Јусафзаи Малала Јусафзаи

Сега, многумина се плашат дека заложбите на Малала и на Западот во изминатите години биле залудни. За време на претходното владеење на Талибанците во Авганистан, жените беа спречени да работат надвор од нивниот дом, да посетуваат училишта, да излегуваат сами од дома и да работат со мажи. Тие мораа да носат бурка, а ако направеа прељуба, тие беа каменувани до смрт.

Малала Јусафзаи Малала Јусафзаи

Денес, Талибанците тврдат дека девојчињата ќе имаат право на образование и дека жените се добредојдени во владата. Жените новинарки веќе се вратија на авганистанските телевизиски мрежи во обид да се потиснат стравовите за опресија врз жените.

Но, активистите за човекови права се скептични.

„Млади и образовани жени од Авганистан ми кажуваат дека ги закопуваат нивните сертификати и дипломи за да не бидат мета на Талибанците кои одат од врата на врата. Ова е повеќе од трогателно“ – напиша една активистка на Twitter, додавајќи дека сите реклами во кои имало жени прекинале да се прикажуваат во земјата.

Девојка, која израснала во Авганистан, но живее во Британија, за странските медиуми изјави: „Пред еден час, добив известување од Кабул дека одат од куќа во куќа, трагајќи по жени кои биле активисти, жени кои биле блогерки, јутјуберки, секоја жена која имала улога во развојот на цивилното општество во Авганистан. Одат од врата на врат и ги таргетираат овие жени, маркирајќи ги вратите со маркери во розови бои за да знаат дека ова е куќа во која треба да се вратат и да преземат нешто со нив“.

Малала Јусафзаи

Стравовите се огромни кај жените и девојчињата дека ќе бидат принудувани на брак и дека ќе бидат користени како робови за секс.

Even as the Taliban claim that they want a "peaceful transfer" of power, many displaced Afghan women have reported atrocities in recent days. They are fleeing their homes, fearing murder, rape and forced marriage. pic.twitter.com/PtuTzKOwmM

— DW News (@dwnews) August 16, 2021
Tags
Авганистан
Талибанци
Малала Јусафзаи

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.