• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Во Хрватска е направен голем тест на пелени и откриено е кои најдобро впиваат

26 јуни 2017, 14:00
  • cподели

Хрватскиот портал 24 sata.hr објави вест за тестирање на пелени кои се наоѓаат на нивниот пазар, па Ви ги претставуваме резултатите од истражувањето.

На хрватскиот пазар се продаваат десетина видови пелени за еднократна употреба по цена од 30 до 100 куни по пакување (од 249 до 830 ден.), зависно од бројот на парчиња во пакувањето, а хрватската издавачка куќа „24 sata“ спроведе интересен тест, за од прва рака да утврди кои од пелените се најсигурни.

Со тестот се опфатени 10 трговски марки на пелени, од кои најголем број се произведуваат во Европската унија.

Во конкуренција на адутите од светските произведувачи и дистрибутери, како што се Pampers, Interspar, Muller, dm, Kaufland, Lidl, Baby Love и други, најдобри резултати на тестот покажале пелените произведени во Херцеговина!

Имено, пелените на Violeta покажале поголема способност на апсорбирање течности од сите тестирани пелени и биле единствени кои и по седум децилитри впиена течност биле суви на допир, а течноста не излегувала од внатрешноста дури ни на притисок.

Violeta пелени

Резултатите од овој неофицијален тест уште еднаш потврдуваат дека компанијата, со седиште во Груде, има квалитет потребен за освојување на европските и светските пазари.

Да потсетиме, според извештајот на Euromonitor, минатата година Violetaго престигна дотогашниот лидер на пазарот на пелени во БиХ, светскиот гигант Procter & Gamble, освојувајќи 49 проценти од пазарот во однос на 38 проценти кои ги држел главниот конкурент.

Во април, со договорот со Spar, влезе на австрискиот пазар и така стана првиот бренд од овие подрачја во непрехрамбената категорија на австрискиот пазар.

Најнови

  • Бритни Спирс беше уапсена, возела под дејство на алкохол и дрога и еден час бегала од полицијата

    Fri, 03/06/2026 - 09:01
  • Парфем

    Кои шминки и парфеми ќе го направат овој 8 Март незаборавен? Пронајдете ги по секогаш поволни цени во dm!

    Thu, 03/05/2026 - 19:12
  • Гордана Сиљановска-Давкова

    Сиљановска-Давкова: „Овој 8 Март, по несфатливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како Ден на жената“

    Thu, 03/05/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.