• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Влог во иднината на фармацијата: На својот 80-годишен јубилеј „Реплек“ донираше милион денари за модернизација на Фармацевтскиот факултет

3 декември 2025, 17:37
  • cподели

Следејќи ја определбата за унапредување на фармацевтската наука и професија, „Реплек“, во годината во која го одбележува својот 80-годишен јубилеј, донираше 1.000.000 денари за обнова на Фармакоинформативниот центар на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Средствата ќе бидат наменети за реконструкција и модернизација на компјутерската училница на факултетот во којa е сместен и Националниот фармакоинформативен центар, со што „Реплек“ ја продолжува својата традиција на инвестирање во знаењето и во иднината на фармацевтскиот сектор.

Донација на Реплек

За компанијата оваа донација има и едно друго, сентиментално значење, а тоа е фактот што пред триесетина години, во далечната 1996 година, токму „Реплек“ донираше средства за изградба на зградата бр.1 на Фармацевтскиот факултет, овозможувајќи значајно подобрување на условите за настава и за научноистражувачка работа. Денешната донација го надградува тој процес, потврдувајќи ја определбата на „Реплек“ да вложува во подобрување на условите за учење и за изведување практична настава кај студентите.

Донација на Реплек

Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“, нагласи дека овој придонес е продолжување на партнерството што компанијата го гради со Фармацевтскиот факултет.

„Осум децении ‚Реплек’ расте заедно со заедницата и со институциите кои ја создаваат иднината на фармацијата. Израснавме во современа компанија која во своите процеси користи напредни технологии, дигитални алатки и вештачка интелигенција. Затоа и сме убедени дека оваа инвестиција во знаење и во подобри вештини на идните генерации фармацевти ќе го движи развојот на науката и ќе придонесе за подобро здравје на заедницата. Очекуваме дека ова плодно партнерство ќе продолжи и во наредните 80 години“, изјави Пецовски.

Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“
Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“

На настанот за примопредавање на чекот за донацијата, деканот на Фармацевтскиот факултет Скопје, проф. д-р Зоран Стерјев истакна: „Соработката со ‚Реплек’ е пример за вистинско партнерство меѓу индустријата и науката. Вложувањето во модернизација на

Фармакоинформативниот центар ќе ги подобри условите за настава и практична работа и ќе овозможи размена на искуства и практики, што е клучно за квалитетна едукација на идните фармацевти“.

„Компанијата ‚Реплек’ - која веќе остави траен белег во историјата на нашиот факултет - и натаму останува наш посветен партнер“, порача деканот Стерјев.

Донација на Реплек

Претседателот на Факултетското студентско собрание на Фармацевтскиот факултет, Бојан Георгиев, нагласи дека за студентите оваа донација значи пристап до подобри услови за студирање и професионален развој.

„Поддршката од ‚Реплек’ е важен сигнал и до другите компании да инвестираат во младите професионалци и активно да придонесуваат за образованието“, рече Бојан Георгиев.

Обновениот Фармакоинформативен центар ќе прерасне во современ, динамичен и инспиративен простор, кој ќе биде поддршка за студентите да учат, експериментираат и професионално да се надградуваат.

Донација на Реплек
Проф. д-р Зоран Стерјев говореше пред присутните

Дополнително, „Реплек“ донираше и мантили за лабораториска работа на новата генерација млади фармацевти, поддржувајќи го нивниот професионален почеток и иднина во фармацијата.
 

Tags
Реплек

Најнови

  • Оскар 2026

    Леонардо vs. Тимоти, „Sinners“ со рекордни 16 номинации: Кој сè влезе во трката за Оскар?

    Thu, 01/22/2026 - 18:30
  • Реплек со нов сертификат

    Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

    Thu, 01/22/2026 - 16:43
  • dm

    Топлина, баланс и поддршка во зима - откријте кои производи од dm продавниците ја прават грижата за себе полесна

    Thu, 01/22/2026 - 16:11
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.