• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Влегоа како првоодделенци, излегоа како полуматуранти: Емотивно видео од скопско училиште покажува како времето лета

10 јуни 2026, 12:30
  • cподели

Секој крај на учебната година со себе носи бран емоции, а разделбите на полуматурантите со училишните клупи се секогаш исполнети со носталгија. Дека креативноста и убавата енергија сè уште тлеат во училишните дворови, докажуваат и учениците од едно скопско училиште кои снимија кратко интересно видео.

Учениците од IX-3 од ООУ „Лазо Ангеловски“ создадоа приказна која брзо се шири на социјалните мрежи и мами насмевки, но и по некоја солза.

Преку симболична и визуелна идеја, тие го прикажаа своето деветгодишно патување: мали првачиња (кои ги претставуваат нив на почетокот) влегуваат во училницата со љубопитни погледи, а од истата врата излегуваат тие денес, веќе пораснати, похрабри и подготвени за новите животни поглавја.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ООУ „Лазо Ангеловски“ (@oou_lazoangelovski)

Прочитајте ја и нивната емотивна порака:

🎒Некогаш со ранци поголеми од нас и со очи полни љубопитност зачекоривме низ училишната врата за првпат. Денес, девет години подоцна, излегуваме од неа повисоки, похрабри и побогати за безброј спомени.

✨Меѓу овие ѕидови пораснавме, другарувавме, учевме да победуваме, но и да стануваме по силни по секој предизвик. Времето тивко леташе, а денес остануваат насмевките, прегратките и моментите што засекогаш ќе живеат во нашите срца.

❤️Основното училиште завршува, но приказната на IX³ што ја создадовме заедно ќе трае вечно.

Tags
ученици

Најнови

  • Панел дискусија

    Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

    Wed, 06/10/2026 - 14:22
  • Нова книга на Милчо Манчевски

    Нова книга на режисерот Милчо Манчевски промовирана во Италија

    Wed, 06/10/2026 - 14:15
  • Џенифер Лопез во солзи на матурата на синот Макс: „Плачам два месеци“

    Wed, 06/10/2026 - 14:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.