• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе ги затворат Илинденски денови

31 јули 2019, 14:57
  • cподели

Вечерва на Хераклеа, од 20.30 часот, со концертот на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ свечено ќе бидат затворени Илинденски денови, Интернационален фестивал на народни песни и игри кој по 49-ти пат се одржува во Битола.

Во изминатите 4 фестивалски денови градот под Пелистер беше центар на светскиот фолклор. Над 1500 учесници од Италија, Белгија, Мексико, Индија, Израел, Русија и од нашата земја на официјалната фестивалска сцена, но и на многубројни локации низ градот го презентираат најдоброто од својот национален фолклор.

„Фестивалските денови изобилуваа со низа активности, изложби, фолклорни танци, на различни локации со учество на држави од три континенти. Настанот го завршуваме со концерт на музичарите кои негуваат фолклорни елементи во нивната музика, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ вечерва во Хераклеа. Ве покануваме да бидете наши гости и да уживате во концертот“, истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола.

Илинденски денови како фестивал претставува столб за чување на автентичната и народната култура на Балканот и во светот.

Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови

Во 2017 година, во Индонезија на еден од светските конгреси на CIOFF [ Council of International organizations of folklore festivals & folk arts ], Илинденски денови се сертифицира како CIOFF Festival, со што се приклучува во 100-те најреномирани фолклорни фестивали ширум светот. Фестивалот ги исплонува сите строги критериуми на оваа светска организација која е официјален пратнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.

Фестивалот е финансиран од Собранието на Република Северна Македонија, Министерството за култура, Општина Битола и со донации од јавни и приватни компании.

Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови Илинденски денови
Tags
Илинденски денови
Влатко Стефановски
Мирослав Тадиќ

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.