• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИВА со својот квалитет ги освојува светските пазари

9 октомври 2017, 11:56
  • cподели

Нашиот најголем и најпознат македонски производител на 100% природни овошни сокови Вивакс со познатиот бренд Вива, уште еднаш успешно се претставува и повторно привлекува големо внимание со своите висококвалитетни производи на голем број посетители, претставници на познати ланци маркети и дистрибутери од целиот свет, на најголемиот саем за храна и пијалоци Ануга, кој што се одржува во Келн, Германија.

Вива саем Вива саем Вива саем

Освен со 100% природните сокови, Вивакс оваа година го збогати својот асортиман и понуда со висококвалитетни природни овошни каши, добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка и праска, кои се употребуваат за производство на природни овошни сокови, смути и детски овошни каши.

„Горди сме што освен нашиот примат сите овие години - производство на 100% природни овошни сокови, сме и производители на природни овошни каши, и како резултат на тоа сме едни од најголемите откупувачи на овошје во земјава. Учеството на саемот пред две години, во изминатиот период ни донесе како компанија извоз во над 20 земји, како што се Кина, САД, Канада, Шведска, Обединети Арапски Емирати. Тука е местото каде се прават првичните контакти за понатамошна соработка. Но, овој саем е и посебно значаен затоа што го утврдува фокусот на прехранбената индустрија во иднина и дава извонредна можност за размена на иновации и информации“, изјави Тања Атанасова, маркетинг директор на Вивакс.

Вива саем Вива саем

Оваа година на Ануга беа 7.400 изложувачи од 100 земји од светот. Тој е место каде учество земаат клучните играчи во индустрија за храна и пијалаци и е познат како глобална точка каде се сретнуваат сите значајни фактори во прехранбената индустрија, менаџери, трговци и сопственици на големи продажни ланци, водечки импортери како и добавувачи на големи компании, а Вива со својот препознатлив квалитет и иновативност е дел од оваа приказна.

Вива саем Вива саем Вива саем

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.