• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Вистинската убавина е енергијата што ја носи еден човек“: Лара Иванова за музиката, модата и љубовта

17 јули 2026, 10:55
  • cподели
Лара Иванова

Со своите 22 години, Лара Иванова веќе е едно од најпознатите млади имиња на македонската музичка сцена. Харизматична и амбициозна, таа успеа да го претвори детскиот сон во успешна кариера, освојувајќи ја публиката со својот вокал и уникатната сценска енергија.

Иако има завршено средно балетско училиште и зад себе има бројни успешни балетски настапи на сцената, музиката отсекогаш била нејзината најголема љубов. Песните „Бела“, „Доминантен“ и „Некогаш ќе помине“ ја вброија меѓу најслушаните млади изведувачи во земјава, а нејзината популарност постојано расте.

Во интервју за Фемина, талентираната млада пејачка искрено зборува за детството, првите чекори кон музичката кариера, предизвиците со кои се соочувала како млада јавна личност, односот со семејството, љубовта, модата и животот надвор од сцената. Открива и што најмногу цени кај еден партнер, дали верува во љубов на прв поглед и кои се нејзините најголеми соништа за иднината.

Лара Иванова
Лара Иванова

Какво дете беше Лара?

Бев многу мирно и креативно дете. Сакав музика уште од мала, постојано пеев дома, измислував настапи и секогаш барав начин да бидам на сцена. Бев и доста емотивна, а мислам дека токму тоа подоцна ми помогна полесно да се пронајдам во музиката.

Лара Иванова со Елена Ристеска

Кога првпат откри дека музиката е твојата најголема љубов?

Искрено, отсекогаш била дел од мене. Но, моментот кога сфатив дека не е само хоби, туку нешто без кое не можам, беше кога за првпат во 2019 година застанав на сцената на „Макфест”. Тогаш почувствував колку сум најсреќна кога пеам.

Кој прв го забележа твојот талент и те охрабри да пееш?

Најпрво семејството. Тие секогаш веруваа во мене и беа моја најголема поддршка. Подоцна и луѓе од музичката сцена ми дадоа дополнителна мотивација да продолжам.

Каква улога имаа твоите родители во остварувањето на твоите соништа?

Огромна. Без нивната поддршка, љубов и трпение сигурно ништо немаше да биде исто. Тие беа тука и во најубавите, но и во најтешките моменти и секогаш ме потсетуваа да верувам во себе.

Лара Иванова

Каква беше Лара како тинејџерка? Дали во средношколските денови повеќе сонуваше за музика, за балет или имаше и други планови?

Балетот ми е важен, но музиката секогаш била број еден

Како тинејџерка бев многу амбициозна и баш во тој период започна мојата кариера. Нормално дека имав разни интереси и идеи за иднината, затоа што сепак и балетот беше, а и уште е многу важен дел од мојот живот, но музиката секогаш била број еден. Некако уште тогаш чувствував дека тоа е мојот пат.

Колку ти беше тешко да го балансираш приватниот живот со првите јавни настапи? Дали некогаш се соочи со несигурности и сомнежи?

Не беше секогаш лесно. Кога си млад и одеднаш луѓето почнуваат да те препознаваат и коментираат, нормално е да имаш моменти на несигурност. Но, со време научив да не дозволувам туѓите мислења да ме дефинираат и повеќе да се фокусирам на тоа што јас чувствувам.

Лара Иванова

Дали имаш песна која ти е особено лична и драга и која ја пееш само пред огледало за себе?

Да, има неколку такви песни. Обично тоа се песни со кои емотивно сум најмногу поврзана и кои ме потсетуваат на одредени периоди или луѓе во животот. Имам една таква песна која сѐ уште не е објавена, но ќе дојде вистинскиот момент кога сите ќе можете да ја слушнете.

Кој досегашен успех најмногу ти значи?

Најмногу ми значи кога луѓето искрено ќе ми кажат дека мојата музика им помогнала, ги расположила или се пронашле во неа. Тоа чувство е незаменливо, а исто така, тука би го издвоила и успехот кој го постигнавме заедно со Пајак со песната „Бела”. Тоа е песна која ни отвори многу врати и допре до многу срца на слушателите низ цел свет.

Важиш за една од најубавите млади пејачки на нашата естрада. Што за тебе значи вистинската убавина?

За мене вистинската убавина е енергијата што ја носи еден човек. Може некој да изгледа совршено, но ако нема добрина, харизма и искреност, тоа се чувствува.

Колку сметаш дека е важно една жена да се чувствува убаво во своја кожа?

Мислам дека тоа е многу важно. Кога една жена се чувствува добро сама со себе, тоа се гледа и однадвор. Самодовербата е најубавото нешто што може да го носиш.

Лара Иванова
Лара Иванова

Дали некогаш си се соочила со притисок околу изгледот? Што правиш за да ја одржуваш самодовербата?

Секако дека сум се соочила со притисок околу изгледот, особено затоа што живееме во време кога постојано сме изложени на туѓи мислења и нереални стандарди на социјалните мрежи. Но, со текот на времето, научив дека најважно е како јас се чувствувам, а не што мислат другите. Самодовербата ја одржувам така што се грижам за себе, работам на себе и се опкружувам со луѓе кои ме сакаат и поддржуваат таква каква што сум.

Колку модата е важен дел од твојот сценски идентитет? Дали следиш трендови или повеќе се водиш од сопственото чувство?

Сакам да следам трендови, но ги прилагодувам на мојот вкус

Модата е многу важен дел од мојот сценски идентитет, затоа што преку стилот можам дополнително да ја изразам мојата енергија. Сакам да следам трендови, но секогаш ги прилагодувам на мојот вкус. Најважно ми е да се чувствувам своја и удобно во тоа што го носам.

Лара Иванова
Лара Иванова

Имаш ли модни икони кои те инспирираат?

Да, ме инспирираат жени кои имаат свој препознатлив стил и самодоверба. Сакам елегантен, но и модерен стил, а најмногу ми се допаѓа кога некој преку модата покажува карактер. Тука би ја издвоила Ријана.

Дали веруваш во љубов на прв поглед?

Верувам дека може да постои силна енергија и привлечност уште при првата средба, но вистинската љубов сепак се гради со време, доверба и разбирање.

Лара Иванова
Лара Иванова

Што најмногу цениш кај еден партнер?

Најмногу ценам искреност, почит и поддршка. Многу ми е важно покрај мене да имам личност со која можам да бидам своја, да чувствувам мир и да ме сака и цени поради тоа каква личност сум.

Колку ти е важно приватниот живот да го задржиш само за себе?

Приватниот живот ми е многу важен и се трудам дел од него да го задржам само за себе. Сметам дека убаво е публиката да ја знае мојата работа и музика, но не дека треба да знае баш сè.

Што најмногу те исполнува надвор од музиката?

Надвор од музиката најмногу ме исполнува времето со блиските луѓе, моите две мачки, патувањата и моментите кога можам да се исклучам од секојдневниот хаос.

На што работиш во моментов? Што можеме да очекуваме од тебе на музички план во следниот период?

Во моментов работам на нова музика и на неколку интересни проекти на кои навистина им се радувам. По дуетот со Пајак, следува и соло проект. Публиката може да очекува нови песни, многу убава енергија и уште позрела верзија од мене како артист.

Лара Иванова

Кој е твојот најголем сон како артистка?

Мојот најголем сон е мојата музика да допре до што повеќе луѓе и да остави емоција. Би сакала еден ден да настапувам на големи светски сцени, но најважно ми е секогаш да останам своја и искрена во тоа што го правам.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Лара Иванова

Најнови

  • „Те молам престани да пееш, гледам цртан филм“: Петар Грашо раскажа интересна случка со ќеркичката Алба и Здравко Чолиќ

    Fri, 07/17/2026 - 20:20
  • Лара Иванова

    „Вистинската убавина е енергијата што ја носи еден човек“: Лара Иванова за музиката, модата и љубовта

    Fri, 07/17/2026 - 10:55
  • „За мене среќа е“: По 12 години судска битка, Северина конечно безгрижно ужива со синот Александар на одмор на Корчула

    Fri, 07/17/2026 - 10:34
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.