• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Вистинската љубов трае вечно: Почина мажот кој со години бдееше над гробот на саканата

30 јануари 2014, 20:18
  • cподели

Незгасливата љубов на Роки Абалсамо кон неговата сопруга ќе ве растажи и трогне. Грижливиот сопруг со години секој ден бдеел над гробот на саканата Џулија, без разлика на временските услови. Пред една седмица 97-годишниот старец издишал за последен пат и засекогаш ќе остане покрај својата најмила.

Роки АбалсамоРоки покрај гробот на Џулија на 26 ноември 2000 година

Сторијата за Роки за првпат допре од илјадници срца од целиот свет во декември 2000 година, кога весникот „Boston Globe“ објави статија со наслов „Бескрајна љубов“.

По 55 години брачен живот, Џулија починала во 1993 година поради компликации по операција на срцето. Избезумен од загубата, Роки започнал да го поминува секој ден покрај гробот на Џулија.

„Таа е дел од мене, па тука јас сум цел. Тоа што сум тука прави да се чувствувам подобро. Не добро, но подобро. Го правам за Џулија и за себе“ – рекол тој во 2000 година и признал дека во текот на седум години речиси секој ден го поминувал на гробишта.

Без оглед на временските услови, Роки одел на гробишта, седнувал на син стол на склопување и читал, пишувал, евоцирал спомени... Понекогаш носел и мал касетофон и пуштал шпанска приспивна песна испеана од него и од Џулија. Додека бил на гробишта, ретко јадел и пиел од почит кон покојната сопруга, но и за да не мора да посетува тоалет. Кога ќе започнело да се стемнува, ќе се помолел, ќе поминел со раката по изгравираното име на Џулија и ќе си заминел дома.

Роки Абалсамо

По објавувањето на сторијата, многумина биле трогнати и го посетувале Роки за да му однесат оброци или топла облека, а тој им раскажувал случки и споделувал мудрости за животот и љубовта.

Роки секојдневно го посетувал гробот на Џулија до 2005 година, кога неговиот син загинал во сообраќајна несреќа. Иако продолжил редовно да оди на гробишта, Роки започнал да поминува повеќе време со семејството. Неговата ќерка Анџела изјавила: „Сметам дека во тој момент сфати дека сите ние треба да го оставиме тоа зад нас и да продолжиме да живееме.“

Последен пат Роки бил на гробот на Џулија во јули минатата година, пред да се разболи.

Кон крајот на животот, Роки ѝ рекол на ќерка си дека сака да биде закопан лево од Џулија, исто како што шетале додека биле двајцата живи.

Tags
Роки Абалсамо
голема љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.