• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Вистинска реткост: На ГАК се роди бебенце со цела амнионска обвивка

29 април 2022, 13:20
  • cподели

Предупредување: За некои лица фотографиите може да бидат вознемирувачки.

Во многу ретки случаи, бебето може да се роди во амнионската обвивка во која растело во утробата на мајката, а токму тоа се случи на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Малото девојче пристигна на свет во непукната обвивка, за што известија од Клиниката и споделија фотографии.

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка.

Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски рез.

Породувањето го изврши примариус д-р супспецијалист Адела Стефанија и бебињата се преземени од педијатар супспецијалист Рената Димитриеска. Тие се наоѓаат на ОИНТ и се во добра состојба.

Машкото бебе има 2.210 грама родилна тежина и се роди со апгар 8/9, а женското бебе, кое беше извадено со амнионската обвивка, е тешко 2.150 грама и е со апгар 7/8.

бебе бебе бебе
Tags
цел водењак

Најнови

  • Трогателно: Мајка делфин со денови го носеше со себе своето мртво малечко, претходно изгуби и 4 други делфинчиња

    Fri, 08/07/2026 - 11:00
  • „Мислев дека запросуваат друга девојка“: Ангела од Крива Паланка за предлогот за брак на 10 метри под вода на Малдиви

    Fri, 08/07/2026 - 10:37
  • Братот на Анџелина Џоли откри дека е геј: „Како мал бев опседнат со принцезите на Дизни, конечно сум слободен“

    Fri, 08/07/2026 - 09:31
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.