Вистинска реткост: БРАВО за 91-годишната баба Милена која чистеше на улица во Скопје по невремето со внука си
Невремето кое пред неколку дена го зафати Скопје остави зад себе големи штети, особено во населбата Карпош 3, каде силниот ветер ги корнеше дури и покриви од зградите. Додека многумина останаа да чекаат надворешна помош, една бабичка се симна од својата зграда и започна да ја чисти улицата.
91-годишната бабичка Милена излезе пред својот дом со бастунот во едната рака и метлата во другата, за да го расчисти ѓубрето. Нејзиниот потег треба на сите да ни одржи лекција за граѓанска свест, солидарност и одговорност кон средината во која живееме.
Иницијативата на баба Милена веднаш наиде на поддршка од најблиските. Нејзината внука Далија ѝ се придружи во акцијата, учејќи нè дека вистинските вредности и работните навики се пренесуваат со личен пример.
„Госпоѓа Милена, на 91-годишна возраст, ни одржа лекција на сите нас!
Во најпогодениот реон од невремето, Карпош 3, на улицата Никола Русински на која летаа покриви од зградите, повеќето чекаат некој друг да дојде и да им ја исчисти просторот пред нивниот дом.
За разлика од нив таа сама се фати за работа и покажа што значи грижа, одговорност и личен пример за својата околина.
Нејзиниот пример го следеше и нејзината внука Далија.
Секоја чест за госпоѓа Милена!“ – пишува во описот на видеото објавено на профилот на ZaSe.mk.