• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Вистинска инспирација: 72-годишниот Благоја Ацковски во народна носија го истрча Скопскиот маратон за 4 часа

7 октомври 2025, 07:57
  • cподели

Некои личности се вистинска инспирација и секојдневно докажуваат дека годините се само обична бројка. Таква личност е Благоја Ацковски, познат и како Бале Брзи.

72-годишниот скопјанец го истрча Виз Ер Скопскиот маратон за помалку од 4 часа и доби бројни аплаузи на социјалните мрежи. Благоја трчаше облечен во народна носија и ја заврши трката од 42 километри за 3 часа, 59 минути и 24 секунди.

Благоја Ацковски

Инспиративниот планинар и маратонец постојано беше бодрен од публиката и стана еден од хероите на маратонот. Еве што напишаа на Instagram профилот на Скопски маратон:

БЛАГОЈА АЦКОВСКИ – БАЛЕ БРЗИ (72)

Вистинска инспирација на Виз Ер Скопски маратон 2025!

Со свои 72 години, Благоја Ацковски од Скопје, познат како Бале Брзи, го освои срцето на сите учесници и гледачи. Облечен во народна носија, тој ја истрча маратонската трка (42 км) со неверојатно време од 3:59:24!

Неговиот дух, упорност и љубов кон трчањето се потсетник дека возраста никогаш не е пречка кога срцето трча!

Честитки, Бале Брзи! Благодарение на тебе, Виз Ер Скопски маратон 2025 ќе остане запаметен по инспирација, насмевки и македонски дух!

Фотографот Анастасовски Горан на Facebook сподели фотографии од Бале заедно со порака.

Благоја Ацковски Благоја Ацковски

ФОТО: Facebook / Бале Брзи, Анастасовски Горан

Најнови

  • Пушење

    Различни пристапи, различни резултати: Што прави Македонија, а што Европа?

    Mon, 04/20/2026 - 12:41
  • Инстант лоз Калинка

    „Калинка“ – симбол на среќа и добивки до 700.000 денари

    Mon, 04/20/2026 - 12:27
  • Дуа Липа и Калум Тарнер

    Романтична авантура пред свадбата: Дуа Липа со свршеникот Калум Тарнер ужива на сафари

    Mon, 04/20/2026 - 12:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.