• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Вирален хит: Јапонски одбојкар ненамерно ја удри судијката со топка, драматично ѝ се извини и освои милиони срца

3 февруари 2026, 10:44
  • cподели

Јапонски одбојкар стана светски вирален хит откако на несекојдневен начин ѝ се извини на судијка која ненамерно ја погоди со топка за време на натпревар во Кобе, Јапонија.

Јуџи Нишида ја удри жената при негов сервис, а потоа истрча кон неа и драматично ѝ се извини, освојувајќи милиони срца со својот гест. Тој се лизна по паркетот кон неа, го допре подот со челото, а потоа повеќепати длабоко ѝ се поклони во знак на извинување и почит.

Според јапонската традиција, ваквиот чин се нарекува догеза и е најдлабоката форма на извинување и покажување почит, која ретко се гледа во јавноста.

Судијката, која не беше повредена, ја прифати извинувачката гестикулација со насмевка и возврати со поклон, додека видеото за кратко време собра милиони прегледи на социјалните мрежи.

Нишида не блескаше само со човечноста и културата, туку блескаше и спортски. Неговиот тим победи со, а тој ја освои и MVP наградата на турнирот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 西田有志 (@nishidayuji0130)

Tags
вирално

Најнови

  • Случај кој го шокира светот: Го отрула сопругот, па објавила книга за справување со тагата, пред да биде обвинета за негово убиство

    Tue, 03/24/2026 - 12:49
  • Од почит кон мајките: Принцот од Дубаи го заменува „домаќинки“ со „обликувачи на генерации“

    Tue, 03/24/2026 - 11:44
  • Игор Џамбазов жртва на интернет криминал: „Профитираат од туѓата мака. Ви доаѓа крајот... Скапо ќе го платите ова“

    Tue, 03/24/2026 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.