• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Вино фест 2017: Празник на квалитетно вино и атрактивна музика за сечиј вкус

12 јуни 2017, 11:13
  • cподели

Квалитетно вино од македонските винарници по промотивни цени, одлична домашна и интернационална музика и многу забава ги очекува посетителите на најочекуваниот настан Вино фест 2017, кој ќе се одржува од 14 до 18 јуни на отворениот паркинг пред Веро центар.

Познати музички имиња од земјава, атрактивни гости од странство, аниматори, жонглери и улични артисти ќе ја збогатат понудата на македонските винарници на настанот. Освен во добрата музика и вино, посетителите на Вино фест ќе може да уживаат и во различни деликатеси изложени на штандовите.

Вино Фест 2017 Скопје

- Вино фест стана традиционална манифестација наменета за забава на целото семејство која посетителите со нетрпение ја очекуваат. Од година во година растат нивните очекувања за понудената програма. Сметаме дека годинава направивме многу интересна селекција на гости за кои се надеваме дека ќе ги задоволат вкусот на публиката. Дополнително, преку оваа манифестација ги промовираме домашните винарници, што е и дел од корпоративната стратегија на нашата компанија за поддршка на домашните производители – велат од компанијата „Веро“, која е организатор на Вино фест.

Вино Фест 2017 Скопје

За годинашниот Вино фест најавени се повеќе музички ѕвезди од земјава, но и познати имиња во музичкиот свет од неколку земји во светот. Настанот ќе го отвори енергичниот Енрике Лопез со кубанско потекло, заедно со неговиот бенд „Енрике и џипси“, кои на посетителите на Вино фест ќе им ги пренесат звуците на новото фламенко. Шлаг на првиот ден од фестивалот ќе биде настапот на неповторливиот Игор Џамбазов. Во следните денови на сцената на Вино фест ќе се појават и домашните музички имиња Дарио, Миле Кузмановски, „Љубојна“ со Џамбо Агушев, „Бета Хаус“, „Куку Леле“, Нина Јанева и „Нокаут“. Освен Енрике Лопез, дел од интернационалните гости ќе биде и фантастичната група „Барбароса“, која пред неколку години во Скопје ги вооодушеви посетителите на уличниот фестивал „Баскер фест“.

Посетителите на Вино фест ќе ги проследат и настапите на неколку аниматори, улични изведувачи и акробати кои ќе се претстават со своите забавни вештини. Посетителите ќе може да ги видат изведбите на неоциркуските забавувачи „Фулософи“, огненото шоу на циркуско дуо „Мајсторот и Маргарита“, уличниот изведувач Ким Потер, како и со огромните меури од сапуница во интерактивниот настап на г-дин и г-ѓа Меур.

Во среда и четврток настапите на музичарите ќе почнуваат од 20 часот и ќе траат до полноќ. Во петок, сабота и во недела ќе почнуваат од 21 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ. Влезот на Вино фест е слободен.

Вино Фест 2017 Скопје

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.