• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Вилијам Леви негираше афера со Џенифер Лопез, обвинет е за полов напад врз малолетничка

19 јули 2011, 13:26
  • cподели

Разводот на Џенифер Лопез и Марк Антони предизвика лавина од теории за причините за ненадејната разделба.

Многу странски медиуми ги објавија гласините дека причината за разводот е афера на Џеј Ло со Вилијам Леви, згодниот актер со кого Џенифер го сними спотот „I'm Into You“. Но, самиот Леви побрза веднаш да ги негира тие гласини и да објасни дека неговиот однос со 41-годишната пејачка е строго професионален.

Вилијам Леви и Џенифер ЛопезВилијам Леви и Џенифер Лопез во спотот за „I’m Into You“

„Единствената врска која постоеше, или постои, е професионална врска“ – изјавил претставник на Леви.

Сепак, ваквите шпекулации се најмалиот проблем што во моментов го има „кубанскиот Бред Пит“, како што го нарекуваат Леви. Тој се соочува со тужба од тинејџерка за сексуален напад.

Вилијам Леви и Џенифер Лопез

Според тужбата, Леви заедно со неколку членови на неговата екипа ја намамиле анонимната тинејџерка во хотел, каде што тој имал односи со неа за време на кои ја давел. Исто така, тој ејакулирал во нејзината уста со што ѝ пренел сексуално пренослива болест. Жртвата побарала 2,5 милиони долари оштета. Тужбата е од минатата година, но медиумите ја обелоденија сега.

Како одговор на тужбата, Леви поднел противтужба во која објаснил дека малолетната девојка доброволно имала сексуални односи со него и дека го измамила да поверува дека има 19 години и дека е полнолетна.

Вилијам изјавил и дека девојката изнудувала пари од него за да не ја објавува својата сторија. Наводно таа побарала 950 000 долари за да молчи.

30-годишниот актер во мај оваа година објави дека се разделува од својата партнерка, Елизабет Гутиерез, со која беше во врска 8 години.

Спотот за „I’m Into You“

Tags
Џенифер Лопез
Вилијам Леви

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.