• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Видов колку страдаше“: Нејмар јавно ѝ се извини на бремената девојка откако беше разоткриено дека ја изневерувал

22 јуни 2023, 12:38
  • cподели

Нејмар со порака за извинување ги потврди гласините дека ја изневерувал девојката. Популарниот фудбалер на Instagram ѝ се извини на Бруна Бјанкарди, која е бремена со нивното прво дете, откако беше објавено дека ја изневерил со блогерката Фернанда Кампос.

Нејмар и Бруна БјанкардиНејмар и Бруна Бјанкарди

Кампос тврди дека подолго време била во контакт со Нејмар, а дека заедно го поминале и бразилскиот Ден на вљубените кој се слави на 12 јуни.

Фернанда КампосФернанда Кампос

Во извинувањето на 31-годишниот спортист се вели:

Бру, го правам ова за вас двајцата и за твоето семејство.

Да се обидам да го оправдам она што не може да се оправда. Нема потреба. Но, ми требаш во животот.

Видов колку многу те изложив пред јавноста, колку страдаше од сето ова и колку многу сакаш да си до мене. А и јас до тебе.

Погрешив.

Ти згрешив тебе.

Се осмелувам да кажам дека грешам секој ден, на теренот и надвор од него. Но, грешките во личниот живот ги разрешувам дома, приватно со моето семејство и пријателите...

Сето ова ја засегна една од најспецијалните личности во мојот живот. Жената за која сонував да биде до мене, мајката на моето дете. Го засегна твоето семејство, кое денес е мое семејство. Ја засегна твојата интимност во толку специјален момент каков што е мајчинството.

Бру, веќе побарав да ми простиш за моите грешки, за непотребната изложеност, но чувствувам обврска да го направам и јавно. Ако приватен проблем стане јавен, извинувањето треба да биде јавно.

Не можам да се замислам без тебе.

Не знам дали ќе успееме да останеме заедно, но денес знам дека сакам да се обидеме.

Нашата цел ќе надвладее, нашата љубов за нешто бебе ќе победи, нашата љубов еден за друг ќе нè направи посилни.

НИЕ ЗАСЕКОГАШ.

Те сакам.

Нејмар и Бруна минатата година ја имаа прекинато врската и се шпекулираше дека раскинувањето било поради негово неверство. Но, парот ја обнови романсата и во април соопшти дека ќе добие дете.

Нејмар и Бруна Бјанкарди Нејмар и Бруна Бјанкарди

Повеќе медиуми објавија дека двојката имала отворена врска и дека на Нејмар му било дозволено да има сексуални контакти со други жени под одредени услови – да не станува збор за проститутки и да нема бакнување во уста. Се разбира, сето тоа останува во сферата на шпекулации.

Нејмар и Бруна Бјанкарди

Славниот спортист е татко и на Дави Лука, кој го има од врската со поранешната девојка Каролина Дантас.

Tags
Нејмар
Бруна Бјанкарди

Најнови

  • Хуманитарна забава „Сите за Анѓел“

    „Велеше мама, броеше, пееше, но на 3 и пол години сè запре“: Хуманитарна забава „Сите за Анѓел“ за помош на Анѓел кој има аутизам

    Wed, 01/21/2026 - 13:02
  • Стефанија Насеска со ревија во Харбин

    Стефанија Насеска освојуваше во Кина: Македонската дизајнерка го оживеа Стоби во Харбин и ни сподели детали

    Wed, 01/21/2026 - 12:25
  • Меган Трејнор плаче од среќа на фотографии со кои објави дека го доби третото дете со сурогат-мајка

    Wed, 01/21/2026 - 12:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.