• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Видео

ВИДЕО: Самохран татко не дозволува пелтечењето да го спречи да ѝ чита на ќерка си пред спиење

22 ноември 2016, 10:55
  • cподели

Грижлив самохран татко навечер ја заспива ќерката со приказна и покрај тоа што пелтечи додека зборува. Ленс Ламберт не дозволува неговиот „проблем“ да го спречи да ѝ прочита приказна за добра ноќ на 6-годишната ќерка Евери.

Во 11-минутното видео, Ленс ѝ ја чита на Евери омилената книга, „Аладин“, а таа одвреме-навреме му помага со зборовите. Во еден момент малото девојче го бакнува татко си на главата и повторно легнува во својот кревет. Иако Евери заспива по 7 минути, Ленс не престанува да чита.

Таткото го споделил видеото за да поттикне и други родители кои пелтечат да им читаат на своите деца, објаснувајќи дека на неговата ќерка воопшто не ѝ пречи неговиот проблем.

„На ќерка ми воопшто не ѝ е гајле. Јас сум тој кој се грижи. Еднаш ѝ реков: Жалам што имаш татко што пелтечи, а таа ми одговори: Не ми пречи тато. Во ред е. Започнав да плачам, а јас никогаш не плачам. Тоа беше многу интимен момент за нас. Беше навистина кул“ – вели Ленс.

Видео

Ленс и Евери Ленс и Евери

Најнови

  • Џенифер Лопез со децата

    Џенифер Лопез сподели моменти од патувањето низ Италија со децата пред да заминат на факултет

    Tue, 08/04/2026 - 22:33
  • „Лихнида", „Бисер балкански": Улични музичари и случајни минувачи пееја заедно сред Охрид

    Tue, 08/04/2026 - 15:04
  • Срце на трудничкото стомаче, прегратка на зајдисонце: Саша Ковачевиќ на летен одмор со Зорана и ќерка ѝ

    Tue, 08/04/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.