• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИДЕО: Песната на 96-годишен маж за неговата покојна сопруга

27 август 2013, 19:37
  • cподели

Приказната за Фред Стобау ќе ве разнежни и ќе ви покаже дека вистинската љубов навистина трае вечно. 96-годишниот старец останал со скршено срце по смртта на својата сопруга со која бил во брак цели 73 години.

Една вечер, седејќи сам, добил инспирација да напише песна за својата сакана Лорејн. Но, песната не останала во некое шкафче. Откако Фред видел реклама за локално студио кое организирало натпревар за музички таленти, одлучил да им го испрати љубовниот текст.

Фред96-годишниот Фред

Тимот на Green Shoe Studios бил изненаден што во нивното поштенско сандаче пристигнало писмо со слатка песна, бидејќи еден од условите на натпреварот бил песните да се во форма на видео. Сепак, приказната толку допрела до нив, што веднаш стапиле во контакт со Фред и му предложиле да ја снимат песната.

Одушевениот Фред на почетокот бил загрижен како ќе плати за снимањето, но откако дознал дека тоа нема да го чини ниту цент, со уште поголема радост ја примил веста.

„Тоа беа прекрасни 75 години. Често ми изгледаат некако нереално, како во сон. Но, беа реални, само тоа можам да го кажам... Навистина, навистина ми недостига“ – вели со тага романтичниот старец.

„Oh sweet Lorraine, I wish we could do all the good times over again/ Oh sweet Lorraine, life only goes around once but never again“ – се вели во песната на Фред.

Погледнете го видеото со приказната на Фред кое завршува со љубовната песна „Oh Sweet Lorraine“.

Tags
голема љубов

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.