• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ВИДЕО: Најтажната венчавка

25 јуни 2014, 20:51
  • cподели

Венчавката на Роуден Гоу и Лајзел Меј била емотивен настан исполнет со горчлива радост и голема тага, со насмевки и солзи. Видеото од интимната церемонија деновиве го обиколува светот и без исклучоци насолзува очи.

Заљубениот пар планирал да стапи во брак на 8 јули, кога Роуден требало да го прослави 30-тиот роденден. Но, лоши вести ги прекинале плановите за свадба. Роуден дознал дека има рак на црниот дроб и дека шансите да преживее се минимални.

Последната желба му била да се венча со љубовта на неговиот живот и мајката на неговата ќерка. Гледајќи дека болеста напредува и дека на Роуден не му останува многу време на овој свет, најблиските за 12 часа организирале мала свадбена свеченост. Поради влошената здравствена состојба, Роуден не можел да ја напушти болницата.

Свадбата на Лајзел и Роуден

Држејќи ја за рака нивната двегодишна ќерка, Лајзел зачекорила кон Роуден кој лежел во болничка постела. Никој не можел да ги задржи солзите. „Беше како бајка која го крши срцето“ – со овие зборови братот на Роуден ја опишал церемонијата.

Младоженецот починал 10 часа по венчавката.

Tags
стории
рак
голема љубов

Најнови

  • Прво појавување пред камери по киднапирањето: Даниел Кајмакоски настапи на „Pesma za Evroviziju“

    Wed, 02/25/2026 - 11:21
  • „Тоа не е тајна, тоа е рутина“: Кристијано Роналдо го покажа мускулестото тело, во импресивна форма е и на 41 година

    Wed, 02/25/2026 - 10:14
  • „Докторот ме спаси од ампутација на ногата“: Линдзи Вон со солзи во очите раскажа за петте операции по падот на ЗОИ

    Wed, 02/25/2026 - 09:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.