• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Видео

ВИДЕО: Младоженци воодушевија со првиот свадбен танц

22 мај 2012, 08:50
  • cподели

Свадбениот танц на Рајан и Френки Ван Хорн стана глобален хит. Среќните младоженци не сакаа првиот танц да им биде традиционален и предвидлив, изведен на бавна романтична музика, како што избираат повеќето парови кои влегуваат во брачните води. Па, покажувајќи го својот весел дух, ги изненадија гостите со забавна кореографија на „Sing Sing Sing“.

Освен што акробатскиот танц ги воодушеви гостите на свадбата, ги воодушеви и гледачите низ цел свет и многумина се прашуваа дали Рајан и Френки се танчари или надарени аматери.

Во интервју за Ninemsn, Рајан споделил дека тие не се танчари и дека неодамна започнале да посетуваат часови по танцување. Кореографијата ја научиле за два месеца на 14 часови, бидејќи имале одлична учителка која знаела да се справи со почетници.

„Френки обожава џез музика и никогаш не сакала традиционален свадбен танц. Исто така, сакавме да направиме нешто со кое би поминувале повеќе време заедно пред свадбата“ – изјавил Рајан и признал дека не го загрижувало ништо околу свадбата, само се плашел како ќе помине танцот.

„Ова беше најдобриот свадбен танц кој сум го видел досега“ – напишал фотографот кој го објавил видеото на интернет.

Најнови

  • Горан Папаз и Наташа со децата

    „Поп, три бебиња и ладна вода...“: Горан Папаз и Наташа на Илинден ги крстија трите деца во Охридското Езеро

    Tue, 08/04/2026 - 11:55
  • Ѕвездено небо во Охрид: Јаков Јозиновиќ ја разнежни македонската публика со „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески

    Tue, 08/04/2026 - 11:05
  • Романтичен момент сред концерт: Слаткар ја запеа „Кажи да“ и отиде зад сцената само за да ја бакне Сања Николиќ

    Tue, 08/04/2026 - 10:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.