• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИДЕО: Македонски пејачи со песна ја поддржаа кампањата „Шанса за живот“

18 март 2015, 11:45
  • cподели

Влатко Лозаноски, Ренната, Наталија Славева, Виктор Апостоловски и хорот на Златно славејче со песната ги повикуваат сите граѓани и компании да помогнат во собирањето средства за Интензивниот оддел на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што се сместени предвремено родените и бебињата со компликации. Овој оддел има голема потреба од опремување, бидејќи во моментов има ограничени можности наспроти големиот број на новопримени случаи. Песната е само една од активностите во рамките на хуманитарната кампања „Шанса за живот“.

За младите артисти, ова е проект што треба да го поддржат што поголем број граѓани, со цел да се предизвика вистинска позитивна промена. „Да се биде дел од ваков проект значи да се даде свој придонес за подобро утре на бебињата кои очекуваат наша помош во својата прва битка во животот” – вели Лозаноски.

Шанса за живот

Ренната, автор на текстот, повикува на акција на секој оној што може да помогне: „Не треба да се направи многу, секој од нас треба да донира на телефонските броеви за донација и да направи разлика. Тоа е мал придонес од секој нас, но голем за децата кои чекаат на наша помош”. Славева првпат работи на ваков проект и смета дека „на овој начин, преку сопствен пример ќе се обидеме да ја разбудиме свеста за донации онаму каде се најпотребни“.

„Јас ги повикувам сите без двоумење да се приклучат и да помогнеме каде што треба, да не биде доцна, бидејќи на ова одделение бебињата секојдневно се борат за живот” – изјави Виктор Апостоловски.

Пејачите ги повикуваат сите што повеќе да ја споделуваат песната за да може што повеќе луѓе да ја прифатат идејата и да се вклучат во кампањата за опремување на овој оддел во Детската клиника во Скопје.

Од Клиниката велат дека донациите се повеќе од потребни. „Среќни сме што и оваа година продолжува кампањата, бидејќи очекуваме донациите да се зголемат и да се даде вистинска шанса на овие бебиња кои секојдневно се борат за својот живот. Минатата година успеавме делумно да го опремиме одделот, но верувајте потребни ни се уште поголем број донации, бидејќи од нив зависи нормалното функционирање на одделот” – изјави доктор Радица Муратовска од Детската клиника.

Можете да донирате преку отворените телефонските броеви за донации 070/075/077 143 333. Исто така, можете да помогнете со минимално донирање на 100 денари во обележаните кутии на бензинските пумпи на ОКТА со што граѓаните добиваат алка со логото на кампањата како нејзин поддржувач, преку набавка на гориво од бензинските пумпи на ОКТА од чија продажба се одвојува процент за кампањата, како и со донација на наменски отворената сметка на кампањата во Стопанска банка 200002709659393.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.