ВИДЕО: Кание Вест со концерт во Тирана, Еди Рама ја бранеше контроверзната владина поддршка од 4 милиони евра
Кание Вест направи огромен концерт во близина на Тирана. Музичкиот настан се одржа на специјално изграден привремен стадион, во кој според официјалните информации, се собраа околу 60.000 посетители.
Познатиот рапер, кој настапува под името Је, пееше на ротирачка сфера пред албанските фанови, но и околу 25.000 обожаватели кои допатуваа од повеќе држави во кои беа откажани неговите концерти.
@ezetimestwo Ye live in Albania 2026 #albania #tirana #kanyewest ♬ original sound - Ezetimestwo
@popjones Yeezy in Albania 🔥🇦🇱❤️ #kanye #albania #tirana #ye #heartless ♬ Original Sound - TikTok Advertiser
Концертот наиде и на лавина критики откако беше обелоденето дека албанската влада издвои 4 милиони евра за негова организација. Албанскиот премиер Еди Рама јавно ја бранеше одлуката и лично го пречека Кание.
Според Рама, одлуката за субвенционирање била донесена во последен момент за да се избегне меѓународен срам и да се заштити репутацијата на земјата. Премиерот аргументираше дека инвестицијата е економски оправдана, предвидувајќи дека концертот ќе генерира најмалку 100 милиони евра приход за албанската економија, поттикнат од напливот на туристи и резервациите на сместувачки капацитети.
Сепак, одлуката на албанските власти да го пречекаат Вест наиде на силен отпор, со оглед на тоа што раперот се соочува со забрани за настапи во голем број европски земји, како Франција, Велика Британија, Австралија и Полска.
Контроверзиите околу Кание се поврзани со серијата антисемитски коментари, јавното фалење на Адолф Хитлер и користењето на нацистичка иконографија, за кои подоцна се извини и ги припиша на неговото биполарно растројство.