Ниту операција не ја оттргнува Едина Муса од вежбањето.
Поранешната македонска кошаркарка пред три дена направи шеста операција на повреденото колено на десната нога, а вчера и денес сподели видеа на кои вежба дома.
На снимките, таа внимава да не ја оптоварува оперираната нога. „Не е убаво да се залежиш“ – напиша таа.
Муса објави видео на кое сама со ранецот на грб пешки оди во болница. По 20 часа од операцијата, таа ја напушти болницата одејќи на патерици.
Муса одговори и на прашањата зошто морала да направи толку операции и од кога ѝ е повредата на коленото.