ВИДЕО: Дечиња пуштија златни балони во Скопје за поддршка на најмалите пациенти болни од рак
Златни балони полетаа кон небото од дворот на Детската клиника во Скопје, испраќајќи порака на поддршка, надеж и солидарност со децата кои се борат со рак.
Во рамки на глобалната иницијатива „Златен септември“, посветена на подигнување на свеста за детскиот канцер, Универзитетската клиника за детски болести и оваа година се приклучи кон акцијата „Да го обоиме светот во златно“ во чест на малите борци и сите оние кои секојдневно стојат покрај нив.
„Златен септември во знак на поддршка на децата со канцер
И оваа година Универзитетската клиника за детски болести се вклучи во глобалната акција за одбележување на Златен септември под мотото Да го обоиме Светот во златно, во чест на децата со канцер.
Овој Златен септември, од Северна Македонија ја испраќаме нашата порака: Секое дете заслужува еднаква грижа, пристап до современа дијагностика и современа терапија - и еднаква шанса за излекување, без разлика каде живее“ - пишуваат од Клиниката.