• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

ВИДЕО: „Ако одам во Битола“ во нова верзија од Димитар Андоновски, Сара Мејс и група Фонтана

6 април 2022, 11:55
  • cподели

„Ако одам во Битола“, најпознатата битолска песна во поновата музичка историја која е авторско дело на легендарниот Петар Георгиев – Калица, доби нова верзија.

Песната деновиве доживеа ново издание со музички спот, а истата изминатиот викенд беше промовирана во Битола.

Преработката е во изведба на Димитар Андоновски, придружен од група „Фонтана“ и Камерниот гудачки оркестар. Како специјален гостин во овој музички проект се јавува познатата солистка на харфа Сара Костадиновска - Сара Мејс.

Видео:

Благојче Трајковски е иницијатор за новиот препев на познатата песна, а воедно е и потписник на целата обработка и аранжман.

„Да се направи нова верзија на оваа исклучителна песна, песна над песните за многумина е веројатно тешка задача. Но, ова што го направи овој тим е доказ дека кога ќе се соберат вистински професионалци може“ - истакна Трајковски на промоцијата во Центарот за култура во Битола.

Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“

„Ако одам во Битола“ првпат била изведена во 1989 година од Октетот Македонија на фестивалот Валандово ‘89.

„Да се биде дел од овој проект за мене значеше многу. И како уметник и како битолчанец. Да ја отпеете песната која се пее насекаде, не е лесна задача. Одговорноста е поинаква кога пред Вас тоа го правеле други. Ние внесовме многу емоции во текот на целиот процес. Многу љубов за песната и за Битола. Мислам дека тоа е повеќе од видливо, а вие како публика тоа најдобро ќе го процените“ – изјави Димитар Андоновски.

Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“

Според кажувањето на самиот Калица, иако со години се подготвувал да ја напише оваа песна, ја создал само за пет минути. Првпат била испеана на „Фолк-фест Валандово“, во изведба на октетот „Македонија“ и ја добила третата награда од жирито, но таа награда станала далеку поголема со славата која песната ја доживеа. Композиторот беше присутен во публиката и доби долг аплауз со овации при неговото појавување на сцената.

Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“

„Ова е емотивен момент за мене. Доказ дека една песна, ако е добра може да продолжи да живее. Кога ми се јавија овие личности, бев почестен. Ги знам нивните професионални квалитети. Со задоволство дозволив да се преработи песната. Ова што го гледам како резултат е прекрасно. Им благодарам“ – изјави композиторот Калица.

Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“ Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“ Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“

Промоцијата ја водеше Љубица Ангелкова.

Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“ Промоција на новата верзија на „Ако одам во Битола“
Tags
Димитар Андоновски
Сара Мејс
група Фонтана
Ако одам во Битола

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.