Весели јајца и празнична атмосфера: Велигденските фотографии на македонските славни личности
Празнична атмосфера денес владее во домовите на сите православни христијани.
Весели велигденски јајца, впечатливи декорации, богати трпези, семејни дружби... погледнете како македонските славни личности го прославуваат Велигден:
Тамара Тодевска
Тамара сподели фотографии со двете деца Хана и Дарен.
„Драги мои, ова ќе биде еден поинаков Велигден за сите нас. Следува карантин од 4 дена. За жал, оваа година нема да можеме да ги правиме работите што вообичаено сме ги правеле за време на овој голем празник. Сигурна сум дека ќе помине и ова но сега, во овој момент, важно е сите да останеме дома и да ги почитуваме препораките на Министерството за здравство.“
„Знам дека следуваат подготовки за Велигден и би сакала да ве замолам, одржувајте 2 метри растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширeњето на коронавирусот и спасувате животи.
Спаси живот од два метри. Држи растојание! Ве сакам“ - напиша Тамара на Велики четврток.
Катарина Ивановска
Викторија Лоба
„Христос Воскресе. Духот на Велигден нека нè исполни со надеж, љубов, радост, сега и секогаш!“ - порачува Лоба.
Вера Мештеровиќ
Андријана Јаневска
Калиопи
Дарио Панковски
Борко Ристовски
Маја Вукичевиќ
Каролина Гочева
Каролина им го честиташе Велигден на своите обожаватели со порака на Facebook.
Ребека Јанковска-Ристески
Сара Мејс
