• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Верно куче од Прилеп два дена пред болница го чека сопственикот кој доживеа мозочен удар

11 август 2023, 12:39
  • cподели

Фотографија од куче во Прилеп се распространува низ државата бидејќи е доказ за верноста на овие крзнени миленици.

Славко Дамјановски ја сподели фотографијата и раскажа дека кучето два дена седи пред болницата, чекајќи го неговиот сопственик кој доживеал мозочен удар.

„Кучево е пред болница Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде.“

„Која е оваа љубов луѓе...“

„Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од „Луѓе". Ќе помогнам“ – напиша Дамјановски на Facebook.

Куче

По реакциите од медиумите и здруженијата за заштита на животни, Славко ја надополни својата објава.

Кучето е на сигурно

Многу медиуми се загрижија и секоја почит за нив.

Многу почит за здружението за заштита животни од Скопје кое понуди брзо и конкретно решение.

Многу почит за луѓето кои се понудија да покријат финансиски трошоци, луѓето кои се понудија со храна и било каква друга помош.

На крај а не помалку битно, голема благодарност за докторката која алертираше со многу емпатија, емоција и љубов.

Браво!

Пс. Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност, а сите Вие пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат.

Куче
Tags
куче

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.