• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Вереницата на Кристијано Роналдо за огромниот прстен од 3 милиони: „Тоа е најмалку што можеше да направи за мене“

18 декември 2025, 09:28
  • cподели

Џорџина Родригез ја краси насловната страница на шпанскиот Elle.

31-годишната вереница на фудбалерот Кристијано Роналдо сними впечатлив едиторијал за списанието, а во интервјуто зборуваше за луксузниот веренички прстен од 3 милиони долари, моментот кога се вљубиле и нејзините ставови за проширување на семејството.

Роналдо ја запроси Џорџина во август, по речиси една деценија заедно, подарувајќи ѝ дијамантски прстен од 30 карати, гест кој предизвика сензација на социјалните мрежи. Сепак, Џорџина низ шега изјави дека таков прстен бил „најмалку што можел да направи“ по десет години чекање.

„Прстенот е прекрасен... Тоа е најмалку што можеше да ми понуди по 10 години чекање“ – низ смеа рекла таа.

„Искрено, кога ме запроси, тоа беше последното нешто на коешто помислував. Ми требаше време да го процесирам огромниот камен кој ми го подари. Бев толку шокирана што го оставив во собата и го отворив на дневна светлина дури следниот ден“ – раскажала таа.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез

Парот е во врска од 2016 година и заедно ги има ќерките Алана и Бела, а Џорџина ги има прифатено и другите три деца на Роналдо како свои. Таа откри дека не ја исклучуваат можноста за уште деца.

„Многу сум млада, а Бог ќе одлучи што носи иднината“ – изјавила Џорџина, додавајќи дека големото семејство отсекогаш било нејзин сон.

Зборувајќи за почетоците на нивната љубов, таа истакна дека почувствувала врска што оди подалеку од физичкото:

„Не можам да речам дека ја предвидов мојата судбина или дека знаев дека по 10 години ќе имаме пет деца, но искусив необјасниво чувство. Како нашите души да си зборнаа уште пред нашите погледи да се сретнат. Од тој момент знаев дека оваа врска е поинаква и уникатна“ – објаснила Родригез.

Покрај семејниот живот, Џорџина успешно ја гради и сопствената кариера. Таа е модел, бизнисменка, сопственичка на луксузна агенција за недвижности и ѕвезда на популарното Netflix шоу „I Am Georgina“. И покрај раскошниот живот, таа вели дека е важно децата да останат приземни и да бидат добри луѓе, воспитани со вистински вредности.

„Тие се учтиви, одговорни и вложуваат многу труд на училиште и во нивните активности, а пред сè, истрајуваат во своите соништа. Тоа е она што го гледаат дома“ – рекла таа.

Роналдо и Џорџина со децата Кристијано Роналдо Џуниор

Tags
Џорџина Родригез

Најнови

  • Андријана Јаневска со семејството

    „Децата не бараат совршенство, туку заедничко време и нови искуства“: Андријана Јаневска за семејното патување во Франција

    Sun, 02/22/2026 - 18:38
  • Дејана Бачко со семејството

    Девојката со крилја ќе добие второ дете: Инспиративната Србинка родена без раце објави дека е бремена

    Sat, 02/21/2026 - 17:00
  • Сонуваме Менуваме

    Музичко-театарскиот спектакл „Музичка beat-ка“ доаѓа и пред скопската публика

    Fri, 02/20/2026 - 19:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.