• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Тивкиот херој на Делчево“: 18-годишниот Огнен пронајде 4.000 евра и ги врати, доби плакета од градоначалникот

27 октомври 2026, 08:27
  • cподели

Чесноста не се мери со години, туку со постапки.

18-годишниот Огнен Малешевски од Делчево пронашол голема сума пари на јавна површина и одлучил да ги предаде во полиција за да се вратат кај сопственикот.

Младиот делчевец наиде на 4.000 евра за време на викендот, а неговата чесност и одговорност не останаа незабележани. За својот потег, Огнен доби плакета од градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој го прими младиот херој и јавно му оддаде признание за постапката.

„Денешниот работен ден го започнав со прием на нашиот тивок херој Огнен Малешевски. Момчето кое со својот пример ја восхити целокупната јавност без да побара грам внимание за својот подвиг“ - сподели градоначалникот.

Тој истакна дека граѓаните на Делчево можат да бидат горди, нагласувајќи дека постапката на Огнен претставува вистински пример за граѓанска одговорност и чесност.

„Капка пример вреди повеќе од река совети, а овој пример на Огнен зборува за нашето Делчево на најубав можен начин“ - порача Гоцевски.

Tags
добро дело

Најнови

  • „Успеавме“: Хари Кејн ја освои Златната топка и ѝ испрати емотивна порака на сопругата со која се познава од детството

    Tue, 10/27/2026 - 09:15
  • „Тивкиот херој на Делчево“: 18-годишниот Огнен пронајде 4.000 евра и ги врати, доби плакета од градоначалникот

    Tue, 10/27/2026 - 08:27
  • Глобалната потреба за ладење забрзано расте: што покажуваат прогнозите до 2050?

    Mon, 10/26/2026 - 16:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.