• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Венко Андоновски со остра порака: „Срамно време, парите се умножуваат, љубовта исчезнува“

8 септември 2026, 23:25
  • cподели

Еден од најистакнатите современи македонски писатели, Венко Андоновски, преку краток, но исклучително моќен текст се осврна на една од најболните рани на денешното општество – насилството врз жените.

Неговите зборови, кои со право предизвикаа силни емоции и огромен одглас во јавноста, претставуваат длабока дисекција на човечките односи. Андоновски маестрално ја разоткрива илузијата на посесивноста која пречесто се крие зад маската на љубовта, потсетувајќи нè на суштинската разлика помеѓу потребата да бидеме сакани и способноста вистински да сакаме.

Во време на изместени вредности, неговата порака е силен и отрезнувачки потсетник:

Читам и слушам: сè почесто мажи креваат рака врз жени. За несреќа, таа абнормалност често има фатални последици.

И си мислам: дали желбата да повредиш некого се јавува кога некој не те сака, а ти многу сакаш да те сака? Но, големо прашање е, кога веќе сакаш да те сака, дали ти го сакаш, или само бараш да те сака? Зашто, ако го сакаш, не би го повредил, сигурно.

Ја мешаме нашата желба да бидеме сакани со тоа дека сакаме некого. Желбата да бидеш сакан од тебе прави објект. Но, ти да сакаш некого – тоа те прави субјект, личност. Не можеш да сакаш некого „условно“ – ако тој те сака, и ти ќе го сакаш, и нема да го тепаш. Љубовта е слободен избор. Без услови.

Срамно време: парите се умножуваат, љубовта исчезнува. Светот нема да опстане и со многу пари, ама сигурно ќе исчезне ако љубовта исчезне.

Tags
Венко Андоновски

Најнови

  • Венко Андоновски со остра порака: „Срамно време, парите се умножуваат, љубовта исчезнува“

    Tue, 09/08/2026 - 23:25
  • „Никој не те гледа, живеј по сопствено сценарио“: Моќно видео за очекувањата наметнати на жените

    Tue, 09/08/2026 - 23:22
  • Пред и потоа: „Најтетовираната жена во Австралија“ покажа како изгледаше пред тетоважите

    Tue, 09/08/2026 - 23:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.